Државната изборна комисија на јавна седница преку жрепка ја утврди единствената листа на кандидати и нивните редни броеви за Локалните избори 2025.
Ова е целосната листа со редни броеви под кои ќе бидат запишани партиските кандидати за градоначалници кои доаѓаат од редовите на парламентарните партии:
1.Искуство за успех
2.ЗНАМ
3.Демократска партија на Србите
4.Национална Алијанса за интеграција НАИ-ДУИ
5.Коалиција за локални избори 2025 – СДСМ
6.Левица
7.Коалиција Влен
8.Коалиција за Зелена иднина
9.Коалиција „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ
На дополнително жребување ќе се одредат и редните броеви на кандидатите кои доаѓаат од вонпарламентарните партии и независните граѓански листи. Според утврдениот календар, изборната кампања ќе започне во понеделник, на 29 септември, и ќе трае до 17 октомври, односно 24 часа пред денот на изборите. Граѓаните на 19 октомври ќе гласаат за избор на градоначалници и членови на општинските совети, додека евентуалниот втор круг на изборите е закажан за втори ноември.
Деск

