Во тек на вчерашниот ден полициски службеници од Неготино привеле маж осомничен дека украл пари од такси возила со кои се превезувал. Како што соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес, дел од парите биле најдени и одземени.
-На 24.09.2025 во 16:00 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода З.К.(31) од село Долни Дисан, неготинско, поради основано сомнение дека во два наврати одзел пари од такси возила во кои се превезувал.
Тој е приведен во полициска станица, дел од парите биле пронајдени и одземени, а по документирање на настаните против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Велес.
Деск
Previous ArticleКонџи и ја посвети наградата на сопругата Мариен

