Во тек на вчерашниот ден во 20:20 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишија од слобода Ј.А.(22) од Велес, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес.
Како што информираат, Ј.А. бил затекнат при обид да продаде амфетамин на малолетничка од Велес, а откако ги забележал полициските службеници ја проголтал дрогата.
-Ј.А. е приведен во полициска станица, а со малолетничката е извршен службен разговор во присуство на родител. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против Ј.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, истакнуваат од секторот.
Деск
Сакал да продаде дрога на малолетничка, кога ја видел полицијата, ја проголтал дрогата!
1 Min Read

