Голем број на музички имиња од земјава и регионот доаѓаат во Велес, за време на манифестацијата Велешка питијада, која ќе се одржи од 10-ти до 12-ти октомври.
Како што најави велешкиот градоначалник Марко Колев, првата манифестациска вечер ќе помине само со домашни изведувачи. Ќе настапат децата од ОЈУДГ Мирче Ацев, велешката група Соната, Перо Христов, 2Бона, Куку Леле и Калиопи.
Втората вечер, односно на 11-ти октомври настапуваат Стела и Сани за најмладите, потоа Кате и Ѓоко Ѓорчев, Пајак, Мики Секуловски и Северина.
Последната вечер музички гости ќе бидат децата од Златно славејче, Анета Љумаковска, Либеро Бенд и Викторија Лоба, а манифестацијата ќе ја затворат Бајага и Инструктори.
Се очекуваат голем број на посетители на настанот, чија цел е да придонесе кон поголема афирмација и промоција на питата пастрмајлија, препознатливиот велешки специјалитет.
Деск

