Во тек на вчерашниот ден лишено од слобода е момче од Неготино, кое во обид да побегне од полицијата, со возилото удрило во полициски службеник. Како што информира Министерството за внатрешни работи, претходно од возилото кое го управувало излегле неколку мигранти, и на знак за запирање, при обид да побегне, удрило во полицаецот.
-На 26.09.2025 околу 16:30 часот на автопатот Граничен премин Табановце – Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишија од слобода М.Б.(25) од Неготино.
Претходно, полициските службеници забележале дека од возилото „мазда“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, излегле неколку лица мигранти. Потоа, откако му дале знак за запирање, тој се бидел да побегне и со возилото удрил еден полициски службеник, но набргу бил совладан и лишен од слобода.
Лицето е задржано во полициска станица и се преземаат мерки за пронаоѓање на мигрантите и за целосно расчистување на случајот, соопштија од МВР.
Деск
Момче од Неготино бегајќи со возило удрило во полициски службеник, превезувало мигранти
1 Min Read
Previous Article14-годишник украл БМВ и со него тргнал во Охрид!

