Во среда во 18.00 часот на градскиот плоштад во Неготино ќе се одржи митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а истиот го најави кандидатката за градоначалничка на општината, Марија Нацева.
-Ми претставува огромна чест, да Ве поканам на 01.10.2025 година (среда) на градскиот плоштад во Неготино во 18:30 часот, да присуствувате на големиот народен митинг на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата каде што ќе бидат претставени кандидатите за советници од советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата и јас, како кандидат за градоначалник.
Ве повикувам да дојдете и да бидете дел од победничко Неготино, да слушнете што имаме да понудиме и за што се обврзуваме неуморно да работиме, објави Нацева.
Покрај неа, во Неготино кандидати за градоначалници се и Петар Мантев од СДСМ и коалицијата, како и Јасминка Ристова од политичката партија Демократи.
Сите тие пред три дена потпишаа Кодекс за фер изборен процес и порачаа дека ќе имаат меѓусебна почит и ќе градат култура на фер избори.
В.К.
Previous ArticleМотоциклист од Ваташа тешко повреден во сообраќајка

