Водата за пиење во Неготино може пак да се користи, соопштија од Јавното претпријатие Комуналец. Како што појаснуваат, биле добиени резултати од мострите земени за анализа, и од Центарот за јавно здравје Велес потврдиле дека во водата не било регистрирано присуство на бактерии.
-Врз основа на информацијата од Центарот за Јавно Здравје Велес и добиените резултати на (вторите) мостри земени на ден 23.09.2025 година од Неготино од улиците :„Антигона“, „Маршал Тито“, „Димче Мирчев“, ,,Питу Гули“, „Индустриска“, „Васка Калајџиска“, ,,Гоце Делчев“, „Душан Јуруков“, „Манчо Малиминов“, „Никола Петров“, „11 Октомври“ и „29 Ноември“ стои дека во нивната микробиолошка анализа не е најдено присуство на бактерии и со тоа мострите на вода за пиење се во согласност со „Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење„ Сл. весник на РМ бр 183/18 прилог 1 дел А“.
Врз основа на сето ова се заклучува дека примероците на вода одговараат, а со тоа и водата на овие улици ОДГОВАРА И Е БЕЗБЕДНА ЗА УПОТРЕБА СОГЛАСНО ПРОПИСИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ВОДАТА.
Со голем напор на нас вработените од Комуналец и благодарение на стручната помош и подршка на АХВ и ЦЈЗ Велес, успешно го надминавме проблемот со неисправноста на водата за пиење на овој дел од градот од 18.09.2025.
ВОДАТА Е ПОВТОРНО КВАЛИТЕТНА И БЕЗБЕДНА ЗА УПОТРЕБА ЗА ПИЕЊЕ И ПРИГОТВУВАЊЕ ХРАНА, наведено е во соопштението на ЈП Комуналец.
Деск
По 13 дена забрана, водата во Неготино може да се употребува за пиење и приготвување на храна
2 Mins Read

