Неколку милиони евра обрт се случија од организирањето на манифестацијата Штипска пастрмајлијада, за ТВ Тера откри штипскиот градоначалник Иван Јорданов.
На настанот во Штип главна музичка ѕвезда беше Дино Мерлин, кој донел над 100.000 посетители од сите краеви во градот.
-Целта на одржувањето на една ваква манифестација е освен промоција на култура, и развој на локалната економија. Целта ги оправда средствата, истакна Јорданов.
Масовната посетеност на концертот на Мерлин го одбележа 17-то издание на општинската манифестација, на која традиционално се промовира локалниот кулинарски специјалитет пастрмајлијада.
Во јавноста се уште се водат полемики околу тоа дали Мерлин бил вистинскиот музички избор, бидејќи важи за една од најплатените балкански музички ѕвезди.
Оние пак, кои присуствуваа на концертот, велат дека сведочеле на настан кој долго ќе го памтат, бидејќи музичарот е голем професионалец кој со квалитет ги полни стадионите во регионот.
Деск

