Поларниот вртлог силно ќе не удри, објави на својата официјална страница метео прогнозерот Славчо Попоски.
-Зимски ладен продор со многу дожд, снег и голема снежна покривка (над 50/60 сантиметри на планините) минусни температури, појава на мраз и силен северен ветер кој доаѓа од втори октомври во нашата Македонија не е забележан во последните 20 па дури и 30 години најмалку!
Отсега гледано, до 15-ти октомври ни следуваат чести и многу ладни бранови директно од Сибир, предупреди Попоски.
И од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за четврток и петок најавуваат значително опаѓање на температурата.
-Од среда попладне до петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m²). Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер во четврток и петок на повисоките планини ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во повремен снег. Температурата значително ќе опадне.
Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето и постепен пораст на дневната температура, соопштија од Националениот македонски хидрометеоролошки сервис.
Деск
Од четврток силно ќе не удри поларен вртлог, вакво нешто не било забележано во последните 30 години, предупредува метео прогнозерот Славчо Попоски
1 Min Read

