Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа ја доби наградата за најдобар музички спектакл во Македонија, за организацијата на Културното лето во Кисела Вода. Манифестацијата Културно лето во Кисела Вода годинава беше одбележана со богата и рекордно обемна програма на културни настани, со настапи на повеќе сцени, и учество на познати музички имиња и уметници. Општината истовремено одбележуваше и јубилеј, 70 години од постоењето.
Наградата на градоначалникот му беше доделена на роденденската забава на естрадниот магазин Бекстејџ, кој славеше 18 години во етерот.
-Голема чест е да бидам добитник на наградата за најдобар музички спектакл организиран во Македонија, за незаборавното Културно лето во Кисела Вода, настан за кој и денес се зборува.
Од срце ви благодарам за ова признание, благодарам на сите вас кои сте моја најголема поддршка – мојот народ. Вашата доверба и енергија се мојата најголема сила.
Оваа награда ја посветувам на моето семејство, мојот најголем мотив и поддршка во сѐ што правам. Посакувам уште многу успеси на Backstage, единствениот естраден магазин во Македонија кој цели 18 години е дел од медиумскиот простор, порача Ѓорѓиевски.
На роденденската забава на естрадниот ТВ магазин, традиционално се доделуваат награди во повеќе категории и на настанот присуствуваат голем број на јавни личности од повеќе општествени сфери.
Деск
Градоначалникот Ѓорѓиевски доби награда за најдобар музички спектакл организиран во Македонија!
2 Mins Read

