Во грчката метропола Атина утре, сабота навечер, ќе се одржи големото финале на европската награда за млади модни дизајнери, организирано од француската модна куќа Пјер Карден. Помеѓу 30-те пласинарни финалисти е и Марија Роглева (21), студентка од Факултетот за арт и дизајн при Европски Универзитет Скопје.
-Нашата студентка Марија Роглева од Факултетот за арт и дизајн успеа да се пласира во тринаесетте млади финалисти кои ќе се претстават со свои креации на финалната модна ревија. Три првонаградени студенти ќе добијат работна пракса во студиото на Пјер Карден во Париз. За оваа ревија Марија ја реализираше својата креација под менторство на проф. д-р Гордана Вренцоска, со техничка поддршка на Гордана Божиновска. Изборот на креацијата од секој учесник беше направен од страна на модната куќа.
Полуфиналето на натпреварот се одржа на 17-ти и 18-ти мај на работилница со дизајнерскиот тим на реномираната модна куќа во Париз, на која учествуваа 64 студенти од различни европски земји, соопштија од Европски Универзитет.
Од таму на Марија ѝ посакаа успешно финале, и порачаа дека без разлика на резултатот, за нив таа останува победник.
В.К.
Previous ArticleТри признанија за Македонски народен театар

