Охридската полиција го пронашла и го привела мажот по кого се трагаше поради нанесување на тешка телесна повреда на 25-годишна девојка, соопштија од Секторот за внатрешни работи Охрид.
-На 04.10.2025 во 13:30 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, врз основа на локален распис лишен од слобода е А.Д.(33) од Охрид.
Тој, на 03.10.2025 во СВР Охрид беше пријавен дека, подолго време вознемирувал, а на 29.09.2025 и физички нападнал 25-годишна девојка од Охрид, која била на нејзиното работно место.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 131 од Кривичниот законик „тешка телесна повреда“, истакнаа од СВР Охрид.
Деск
Пронајден и приведен е мажот кој долго време вознемирувал девојка, а потоа и нанел тешка повреда додека била на работа
1 Min Read

