Над три тона тикви набрале осудените лица во Казнено поправната установа Затвор Гевгелија. Покрај одгледување на тикви, тие се занимавале и со производство на зелка, маслинки, како и одгледување на прасиња.

Исто така, таму се одгледува и сезонско овошје и зеленчук, и неретко на страницата на Управата за извршување на санкции се објавуваат фотографии од богатиот род, одгледан од осудениците.
Фотографии од гевгелискиот затвор објави Александар Пандов, директорот на Управата за извршување санкции, кој бил во посета на затворот.

-Бев во посета на КПУ Затвор Гевгелија каде што имав работен состанок со директорката на установата и направивме обиколка на затворот и извршивме увид во активностите кои се превземаат од страна на осудените лица со цел подобра ресоцијализација, работно ангажирање на осудените лица во затворската економија во насока на подобрување на самоодржливоста на установата, објави Пандов.
Деск

