Популарната поп пејачка Калиопи и композиторот Ромео Грил, кој е нејзин поранешен сопруг, работат на нова песна. Веста за новото музичко дело кое се подготвува ја откри Калиопи, објавувајќи кратко видео од неа и Ромео во студио.
-Добредојде Ромео! Дали сте подготвени за ново изненадување? Се работи во студио, се снима нова песна, бидете подготвени, порача Калиопи.
Ромео и Калиопи беа во брак долги години, и го имаат синот Пако кој живе во Швајцарија. Ромео е автор на повеќето хитови од албумот „Обои ме“. Исто така, во 2012 година, тој беше дел од авторскиот тим на евровизискиот хит „Црно и бело“. Автор е и на музиката и на аранжманот на песната „Дона“, со која Калиопи беше на Евросонг во Шведска во 2016 година како и на песните од албумот „Мелем“.
Лани пак, двајцата прославија 40 години соработка со промоција на албумот кој беше насловен „Албум“.
Инаку, пејачката се подготвува за трите концерти кои ќе ги одржи во Македонска филхармонија. Датумите на одржување се 14-ти ноември, шести декември и седми декември.
В.К.

