Младиот Никола Станишиќ, кој стекна популарност во регионот по победата во музичкото шоу ,,Ѕвездите на Гранд” ќе има целовечерен настап во Винарија Стоби во Градско.
Настанот ќе се одржи на 25-ти октомври со почеток од 22.00 часот, а од винарјата најавуваат вечер исполнета со добра музика и врвни вина.
Инаку, Станишиќ е од Волково, а за време на ,,Ѕвездите на Гранд” ја освои публиката со свите вокални способности, но и со скромноста на сцената. Тој беше музички гостин и на концертот на Цеца Ражнатовиќ во Крива Паланка во август годинава, и веќе има настапи во земјава и регионот.
За месец декември пак, најавена е негова турнеја во Австралија.
В.К.

