Млад маж завршил со тешка телесна повреда при извршување на работни задачи, во хала во близина на Црвени Брегови, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
-Вчера во 09:45 часот во ОВР Неготино е пријавено дека во Итна медицинска помош Неготино со тешка телесна повреда бил донесен С.Л.(34) од село Тимјаник, неготинско.
Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во хала на стопански комплекс во близина на село Црвени Брегови, неготинско, соопштија од СВР Велес.
За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино.
Деск
Фото: Илустрација

