Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден нашиот колега, доктор Зекирија Шаини. Ја известуваме јавноста дека повредите не се животно-загрозувачки и дека докторот е во стабилна состојба и се опоравува, соопштија од министерството.
Додаваат дека ќе биде обезбедена целосна поддршка за докторот додека трае неговото опоравување и рехабилитација.
-Министерството категорично осудува било какво насилство против здравствените работници и потврдува дека нивната безбедност е приоритет.
Ќе работиме на унапредување на мерките за заштита на персоналот во здравството преку соработка со здравствените установи и локалните власти.
Министерството активно ќе соработува со Министерството за внатрешни работи и локалните власти во Куманово за целосно расчистување на случајот.
Повикуваме на воздржаност, почитување на приватноста и солидарност кон повредениот и неговото семејство.
Министерството ќе ја следи состојбата на доктор Шаини и навремено ќе информира за сите значајни промени, истакнаа од МЗ.
Настанот кој вчера среде бел ден се случи во Куманово ја вознемири јавноста. Според информации од Секторот за внатрешни работи, вчера во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со ул.„11 Октомври“ во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф “, управувано од З.Ш.(43) од село Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош.
Повредениот доктор Шаини е носител на изборната листа на ДУИ во Липково на претстојните Локални избори.
Деск
Надвор од животна опасност е докторот кој беше ранет од огнено оружје во Куманово
2 Mins Read

