Поранешниот пратеник и градоначалник на Општина Кавадарци, Панчо Минов, почина на 67-годишна возраст. Тој го посвети животот на родниот град и зад себе имаше четири мандати како пратеник, два како градоначалник, и беше дел од првиот парламентарен состав кој донесе одлуката за независна Република Македонија.
Минов остави длабок траг во Кавадарци и ќе биде запамтен како човек на народот, кој секогаш стоеше на страната на обичниот граѓанин, со визија за сплотеност и соживот.
Редакцијата на ВИКИМЕДИА упатува сочувство до неговите блиски.
Деск

