Голем број на туристички агенции и приватни превозници организираат автобуски превоз од Скопје до Велес и назад, по повод настапот на хрватската пејачка Северина.
Истиот е дел од општинската манифестација Велешка Питијада и ќе се одржи на 11-ти октомври, а повратните билети изнесуваат 400 денари. Враќањето во Скопје ќе биде по завршувањето на концертот на Северина.
Покрај Северина, во Велес на Питијада доаѓаат и Бајага и Инструктори, Калиопи, Куку Леле, Перо Христов, Кате Танева и Ѓоко Ѓорчев, група Соната, Пајак, 2Бона, Либеро Бенд, Викторија Лоба…
Манифестацијата започнува на 10-ти октомври и ќе трае три дена.
Деск

