Караванот на СДСМ – „Се бориме за нашиот дом“ утре, 09.10.2025 (четврток), ќе биде со граѓаните на Неготино, соопшти Петар Мантев, кандидат за градоначалник на Општина Неготино. Тој најави голема средба со граѓаните на градскиот плоштад со почеток од 20.00 часот.
-Ќе зборуваме за иднината на нашиот град, за проектите и визијата што заедно ќе ја реализираме. Ве поканувам да бидете дел од ова убаво дружење – заедно се бориме за нашиот дом! Заедно да се избориме за нашиот голем дом – Неготино, порача Мантев.
На настанот пред присутните ќе се обратат претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кандидатот за градоначалник, Петар Мантев и носителот на советничка листа, Вуле Младеновиќ.
Изминатиот период Мантев имаше средби со голем број на граѓани, од повеќе сектори, со цел да ги слушне нивните идеи и предизвици. Освен низ населбите и маалата низ градот, тој бил и во населените места Тимјаник, Криволак, Курија, Долни Дисан, Дуброво и Војшанци.
-Идеите кои ги добивам од средбите со граѓаните ми се мотив плус да бидам со сите вас, секојдневно. Секој разговор, секој предлог, секоја искрена мисла ми покажува колку ја сакаме нашата општина.
Тоа чувство на единство и доверба ме потсетува зошто вреди да си веруваме и да се бориме за подобро утре, за место во кое сите ќе се чувствуваме дома, истакнува Мантев.
Како потсетување, минатата недела за ВИКИМЕДИА тој изјави дека прифатил да се кандидра за градоначалник, откако неколку години наназад беа актуелни јавните повици на граѓани кон него, да застане на чело на општината, бидејќи веруваат во неговите менаџерски способности кои се истакнаа додека беше директор на основно училиште во градот, кое пак стана пример за успешно раководење. Исто така, додаде дека не сака да гледа како Неготино со години наназад тоне и сака да го врати сјајот на својот роден град.
В.К.
Мантев и СДСМ на голема средба со граѓаните утре во Неготино: Да се бориме за место во кое сите ќе се чувствуваме дома!
2 Mins Read

