Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој синоќа гостуваше во емисијата ,,Претрес со Ландов” на Јутјуб каналот на 1ТВМК, откри дека со неговата семејна компанија Кожувчанка донирале современ апарат за хемодијализа за деца со тежина помала од десет килограми, и истиот ќе бил пуштен во функција кон средината на месец ноември.
Со тој апарат се решава голем проблем со кој се соочуваат малите пациенти и нивните родители, бидејќи досега тие мораa да бидат хоспитализирани во Белград, затоа што апаратот го немало кај нас.
-Станува збор за апарат со кој за првпат во Македонија ќе се направи Оддел за хемодијализа за деца кои се со помала тежина од десет килограми. Тие деца кои досега беа итно тренспортирани во Белград, и таму беа третирани со недели, а Фондот тоа го чинеше околу 50.000 евра, нема да мора повеќе да патуваат, услугата ќе биде достапна и кај нас.
Ние го купивме апаратот, со тоа и Фондот заштедува и децата и родителите нема да има потреба да се малтретираат надвор од земјава. Ќе биде пуштен во употреба околу 15-ти ноември, после изборите, откри Јанчев во емисијата на новинарот Кристијан Ландов.
Целиот разговор е достапен на следниот линк:
https://www.youtube.com/live/DvzwUrioDVE
В.К.
Митко Јанчев реши горчлив проблем на малите пациенти: За првпат во Македонија ќе се прави Оддел за хемодијализа на деца со тежина под 10 килограми!
1 Min Read

