Синоќа во 18:30 часот во СВР Велес e пријавено дека билe оштетени влезна врата и прозор на штаб на политичка партија во Градско, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
Од таму додаваат дека увид извршила увидна екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Станува збор за штаб на СДСМ, од каде излегоа со осуда за настанот и повикаа МВР да го расчисти случајот, а сторителите да одговараат.
Деск

