Вчера во СВР Велес е извршен службен разговор со Д.К.(32) и З.М.(39), двајцата од Градско, во врска со настанот од 08.10.2025 за извршено оштетување на влезна врата и прозор на штаб на политичка партија во Градско, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
-Притоа, тие изјавиле дека оштетувањето го сториле нивните две малолетни деца додека си играле во близина на штабот.
За настанот е известен јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес, известија од полицијата.
Стаклото на штабот беше пријавено за оштетено завчера попладне. Набргу потоа од СДСМ излегоа со осуда за настанот и порачаа дека вандалскиот чин го покажувал стравот на власта од изборен пораз во Градско.
Деск

