Македонија денеска одбележува 84 години од почетокот на Народноослободителната борба.
На 11 октомври 1941 година, Првиот прилепски партизански одред го нападна бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.
Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во 110-илјадна армија. Повеќевековните идеали за основање македонска држава се оживотворени со одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.
Деск

