Денеска (12.10.2925) околу 14:25 часот е пријавено дека на експресен пат Штип-Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(72) од Штип и патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки управувано од М.Ј.(18) од Струмица.
Од здобиените повреди на местото починал возачот на возилото ,,пасат , а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Возачот на возилото ,,голф” се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Велес.
Увид врши јавен обвинител во содејство на екипа од СВР Велес, а сообраќајот е во прекин во двата правци.
Деск

