Велешанец кој возел под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна несреќа во која со повреди се здобиле 38-годишен маж и неговиот малолетен сопатник, извести Секторот за внатрешни работи Велес. Настанот се случил синоќа на локалниот пат Раштани – Бузалково.
-Вчера во 20:20 часот на локален пат Раштани-Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода З.Ј.(57) од Велес.
При преземање мерки во врска со претходно случена сообраќајна незгода во која учествувал со патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки и патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.С.(38) од село Бузалково, во која со телесни повреди се здобиле Р.С. и неговиот малолетен сопатник, констатирани во Општа болница Велес, било утврдено дека З.Ј. управувал возило по дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,54 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопштија од полицијата.
Деск

