Поранешниот претседател и премиер Бранко Црвенковски, по подогло време се појави во јавност. Фотографија на која заедно седат во угостителски локал, денес објави Марина Ѓоргоска, која е носител на советничката листа на ЗНАМ во Охрид.
-Cо најдобриот и посебен лидер , кафе во најубавиот Охрид, напиша таа под фотографијата.
Црвенковски беше претседател на Македонија од 2004 до 2009 година. Потоа пак застана чело на СДСМ, каде остана до 2013 година, кога на неговото место дојде Зоран Заев.
Во годините наназад, тој ретко се појавува и огласува во јавност, и покрај тоа што неретко пред избори се случуваше да се актуелизира прашањето дали тој пак ќе се активира во политиката.
Во 2020 година, упати јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ, во кое истакна дека го замрзнува своето членство во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Во неколку наврати пак, има истакнато дека останува на ставот да не ги коментира политичките случувања во земјава.
Деск
Црвенковски се појави во јавност по подолго време: Во кафеана во Охрид со носителка на советничка листа на ЗНАМ
1 Min Read

