Фотографија од поранешниот претседател и премиер Бранко Црвенковски, како во угостителски локал седи на иста маса со актуелниот охридски градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, Саше Доневски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, како и Јован Мирчевски – сопственикот на „Пупе Компани“, а потоа и фотографија која ја објави Марина Ѓорговска, носителка на советничката листа на ЗНАМ во Охрид, на која се заедно во локал, повторно ги покрена шпекулациите околу негово евентуално враќање во политиката.
Разочарани членови на СДСМ, излегоа со шпекулации дека фотографијата од средбата е доказ дека Црвенковски соработува со ВМРО-ДПМНЕ, и дека има улога во создавањето на ЗНАМ, со цел да нанесе штета на СДСМ и коалицијата.
Сепак, дека не станува збор за договорена средба со политичка позадина, за ВИКИМЕДИА открива градоначалникот Кирил Пецаков, кој и самиот бил изненаден од лавината реакции кои станаа акуелни во земјава по објавата на фотографиите.
Како што вели, ако се работело за ,,Тајна вечера”, таа секако дека немало да се случи на јавно место, во угостителски локал, на очиглед на сите присутни.
-Средбата немаше врска со политика, ниту пак во било кој момент се зборуваше за нешто такво! Во ист објект бевме, случајно се сртенавме, и испивме по една пијачка од кутроазија.
Ресторанот беше полн, и воопшто нема што да се крие во врска со средбата, изјави Пецаков.
Инаку, традиционално пред секои избори со години наазад се објавуваат шпекулации околу евентуално враќање на Црвенковски на политичката сцена, кои и самиот тој во повеќе наврати ги демантираше.
Вики Клинчарова

