Голема роденденска забава по повод две години постоење е најавена во Скопје, во Дајмонд Мол, и истата ќе се одржи на 26-ти октомври (недела).
Организаторите со уникатна идеја за да им се помогне на кучињата кои се сместени во ЈП Лајка, решиле наместо да се плаќа влезница, посетителите да донираат минимално еден килограм храна за кучиња, која потоа ќе била однесена во Лајка.
Настанот ќе започне во 12.00 часот и ќе трае до 15.00 часот, а присутните ќе ги забавуваат Лозано, Тамара Тодевска, Викторија Лоба и специјалниот гостин – Драган Мијалковски.
-Во текот на настанот ќе ги извлечеме и прогласиме среќните добитници на наградите од роденденската наградна игра, соопштија од молот.
Деск

