По седум месеци од пожарот во Кочани Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека почетокот на судскиот процес за „Пулс“ е закажан за 19-ти ноември.
Судењето ќе се одвива во судницата во рамките на Казнено-поправната установа „Идризово“, а првото рочиште на 19-ти ноември, ќе почне во 9:30 часот.
Во пожарот загинаа 63 младинци, а над 200 млади лица беа повредени. Родителите на жртвите соопштија дека ги ставаат во мирување едночасовните блокади на сообраќајниците во градот, но ќе продолжат со ,,Маршот на ангелите” кој се одржува секоја сабота.
Порачаа дека блокадите привремено ќе ги прекинат, бидејќи добиле датуми за рочишта, и со големо внимание ќе го следат судскиот процес, со цел да се открие вистината и да се обезбеди правда за младите жртви.
Деск

