Седум кавадарчанки на возраст од 23 до 45 години се повикани на разговор во полицијата, по пријава дека насилно, со кршење на влезна врата упаднале во домот на 40-годишен маж од градот. Според пријавата, првин му ја искршиле покуќнината, а потоа физички го нападнале него, но и неговата сопруга, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
-На 18/19.10.2025, во периодот од 22:05 до 01:25 часот во ОВР Кавадарци е извршен службен разговор со О.Ј.(45), 44-годишната Н.Ј., 41-годишната У.Ј., 35-годишната Е.Ј,. А.Ј.(23), К.Ј.(25), Ш.Ј.(40) и С.С.(28), сите од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека ја скршиле влезната врата од домот на 40-годишен кавадарчанец, а потоа во домот, кршеле покуќнина, предмети за домаќинство и физички ги нападнале него и неговата сопруга.
По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави, истакнаа од полицијата, од каде не откриваат детали околу причината за несекојдневниот настан.
Деск
Кавадарчанец доживеал хорор: Седум жени со кршење на врата му упаднале во домот, му искршиле покуќнина, а потоа го нападнале него и сопругата!
1 Min Read
Previous ArticleНа социјални мрежи повикувале да се гласа за одредени кандидати: Регистрирани пријави за нарушување на предизборниот молк
Next Article До 13.00 часот гласале 361.009 граѓани

