До 13.00 часот излезноста на Локалните избори е 20.17 проценти, соопшти Државната изборна комисија.
Во Тиквешијата, односно во Кавадарци до 13.00 часот излегле на гласање 7.663 граѓани, односно 23,98 проценти. Во Неготино излезеноста е 3.751 граѓани, односно 23,59 %.
Во Росоман излегле 916 граѓани, односно 27,80 %, а пак во Демир Капија гласале 931 граѓани, односно 29,25 проценти од гласачите, до 13.00 часот.
Деск

