Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места, апелира Здружението на новинари на Македонија.
-ЗНМ апелира до ДИК, општинските изборни комисии, и Министерството за внатрешни работи да продолжат да обезбедуваат непречен пристап и услови за работа за новинарите и медиумските работници на сите избирачки места.
До ЗНМ утрово беа пријавени неколку случаи на попречување на работата на новинарските екипи.
Професионалното, навремено и точно информирање на јавноста за текот на изборниот процес е од суштинско значење за довербата во изборите, истакнуваат од ЗНМ.
Деск

