Вчера во Македонија се одржа првиот круг од Локалните избори. Според резултатите кои ги објави Државната изборна комисија, во земјава вкупниот број на избирачи во избирачкиот список изнесува 1.832.415, а вкупниот број на избирачи кои гласеле, со обработеност од 99,95 проценти на резултатите, изнесувал 884.472.
Бројот на неважечки ливчиња е 53.682, односно бројот на важечки гласачки ливчиња на изборите е 830.791.
Ова е првпат во историјата на независна Македонија излезеноста да биде помала од 50 проценти, и истата според ДИК е 48,29 проценти.
Дали причината за овие ниски бројки е разочараноста на народот од текот по кој се движи земјата од осамостојувањето до денес, или пак се работи за понудени изборни опции кои за околу еден милион граѓани не биле доволно добри за да излезат на гласање и да им дадат поддршка?
Како потсетување, на Локалните избори во 2021 година, во првиот круг гласале 911.314 избирачи, а 19.127 гласови биле неважечки. Излезеноста била 50,57 проценти. Во 2013 година пак, во првиот круг на Локалните избори излегле 67 проценти од избирачите.
Вториот круг на Локални избори ќе се одржи на втори ноември, и ќе се избираат градоначалници во 33 општини. Неизвесно е дали во Старо Нагоричане ќе има втор круг, каде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Мирослав Славковски има 50% од гласовите од 99,83% од преброените гласови. Изборите се неуспешни во три општини – Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше, каде не излегоа најмалку една третина од бројот на запишаните избирачи во Избирачкиот список.
В.К.
Фото: Илустрација
Речиси еден милион избирачи не гласале: Разочараност или недоволно добри опции за гласање?
2 Mins Read
Previous Article44 општини со нови градоначалници, 33 одат во втор круг

