Башким Бакиу од ВЛЕН, кој на изборите беше кандидат за градоначалник на Скопје, кажа дека ВЛЕН е втора политичка сила во земјава.
Му порача на Али Ахмети да се повлече од лидерска позиција, а пак ДУИ да се реформира.
-Убедливо победивме уште во првиот круг во Чаир, Арачиново, Сарај, Желино, Теарце, додека како победници одиме во втор круг во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Долнени, а во Брвеница ќе бидеме во трка како втори.
За жал, во општините Гостивар и Врапчиште не е постигнат потребниот цензус според одредбите на Изборниот законик, па за епилогот од процесот во овие две општини ќе се изјасни Државната изборна комисија, нагласи Бакиу.
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски пак, кој влезе во вториот круг од изборната трка, денес објави дека добил поддршка од новоизбраниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и од кандидатот на коалицијата ВЛЕН за Град Скопје, Башким Бакиу.
Деск

