Светската компанија за малопродажба на храна Лидл која наскоро ќе ги отвори своите први маркети во Македонија, го екипира својот тим и моментално се активни огласи за 15 работни позиции.
Станува збор за специјалист за синџир за набавки, консултант за свежи и замрзнати прехранбени производи, специјалист за грижа за потрошувачи, специјалист за маркетинг кампањи, специјалист за ангажираност на вработени, копирајтер/специјалист за креирање медиумска содржина и друго.
Овие работни позиции се достапни во Куманово и Скопје.
Доаѓањето на Лидл во земјава предизвика голем јавен интерес, не само од страна на потрошувачите, бидејќи маркетите се познати во Европа по своите пристапни цени и широк асортиман на производи, туку и од страна на оние граѓани кои се заинтересирани за вработување во компанијата.
Освен во Скопје, планирано е да започнат со работа маркети Лидл и во Штип, Кавадарци, Велес, Битола, Охрид, Тетово и други градови.
Околу висината на платите, неофицијално во регионот се спомнуваат суми од 750 до 1.200 евра, а во земјава апликантите за работа ја дознаваат висината на платата дури ако бидат избарни како кандидати за позицијата за која аплицирале.
Повеќе детали за работните позиции се достапни на официјалната страница на Лидл: jobs.lidl.mk
Деск
Лидл е во потрага по 15 нови колеги: Компанијата го екипира тимот во Македонија!
1 Min Read
Next Article Во сабота започнува ,,Есенски музички свечености”

