Познатиот српски пејач Саша Ковачевиќ по осум години врска ја запроси својата партнерка, Зорана Тасовац.
На социјалните мрежи тој сподели видео од запросувањето, со зборовите „Ти си мое денес, ти си мое утре“. Во минатото, тој често изјавуваше дека иако со Зорана не се официјално во брак, сепак таа и нејзината ќерка Искра се негово семејство.
Инаку, Ковачевиќ е доста популарен и баран на настапи во Македонија. Има гостувано на голем број на општински манифестации во земјава, како и во клубови во повеќе градови.
Б.Н.

