Социјалдемократскиот сојуз доставил пријави до Државната изборна комисија и до набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР поради изборни нерегуларности, притисоци, поткуп и обиди за поткуп.
Ова денес од крушевското село Јакреново го изјави лидерот на партијата, Венко Филипче.
Како што кажа пред новинарите, сите забелешки биле доставени до ДИК и до ОБСЕ, и обвини дека ВМРО-ДПМНЕ вршела притисоци за работни места на гласачите кои биле членови, односно симпатизери на СДСМ.
Деск

