Интересна објава доаѓа од страна на Јапонската Амбасада во Македонија, од каде јавно се огласија и побараа помош за вдомување на мачка и нејзините четири мали мачиња. Од амбасадата објавија и фотографии од мачињата кои живееле до нивната зграда и порачаа дека во Јапонија овие животни носат среќа и штитат од зло.
-Како што можеби сте слушнале за maneki-neko („мачето што мами“), Hello Kitty, мачките во филмовите на Studio Ghibli, светилиштата посветени на мачки и кафулињата со мачки — мачките имаат значајно присуство во јапонската култура. Во Јапонија, мачките често се поврзуваат со позитивна симболика како што се среќа, просперитет и заштита од зло.
Би сакале да ја искористиме оваа прилика да ви ги претставиме нашите симпатични соседи кои живеат веднаш до нашата зграда.
Тоа е семејство од четири мачиња и нивната мајка. Ве молиме контактирајте нè доколку сте заинтересирани да им дадете нов дом, објавија од амбасадата.
Деск
Previous ArticleМакедонија го доби првиот Центар за социјална инклузија

