Лажни биле пријавите за наводно поставени бомби, кои вчера биле испратени по електорнска пошта во 47 училишта, извести МВР.
Вчера во околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на емаил адресите во 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта, соопшти Минситерството за внатрешни работи.
Од таму додаваат дека веднаш биле преземени соодветни мерки и активности, извршени биле потребните проверки и утврдено било дека се работи за лажни пријави.
Деск

