Избрана е девојката која ќе ја претставува Македонија на престижниот натпревар за убавина Мис Универзум 2025, кој ќе се одржи во ноември во Тајланд, информираат од организацијата на Мис Универзум Македонија.
Станува збор за Иман Тотиќ, име недоволно познато за пошироката јавност во земјава, но затоа пак повозрасните генерции се сеќаваат на убавицата Александра Петровска, која беше Мис на Македонија во 1996 година.

Младата Иман е ќерка на Александра, и од она кое е познато во јавност, таа доста млада започнала да ја гради својата кариера како модел во Лондон.
Во постари интервјуа Александра раскажуваше дека ќерка и го добила името по сопругата на Дејвид Боуви, топ моделот Иман.
Инаку, изборот Мис Универзум важи за еден од најпопуларните во светот. Од Мис Универзум Македонија и порачаа на јавноста да го следи патувањето кон круната на Иман, и ја опишаа како девојка која има став, шарм и срце полно љубов за својата земја.
В.К.

