На полноќ завршува кампањата за вториот круг на Локалните избори што ќе се одржат во недела, втори ноември.
Со тоа, започнува изборниот молк кој ќе трае до 19.00 часот во недела, кога ќе се затворат избирачките места во општините во државата на кои има гласање во вториот круг.
Во вториот круг на Локалните избори во Македонија ќе се гласа во 32 општини и Град Скопје, а на три избирачки места во Општина Шуто Оризари ќе има прегласување за советници.
Втор круг на гласање за избор на градоначалник ќе има во Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари и во Градот Скопје.
Во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше каде што не беше постигнат цензус на првиот изборен круг одржан на 19-ти октомври, ќе има повторување на изборната постапка за избор на градоначалник 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025.
Деск

