Од досега преброените гласачки ливчиња во Општина Неготино, бројот на важечки гласачки ливчиња изнесува 2.061, а пак неважечки досега се 124 ливчиња.
Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Нацева досега има 1.072 гласа, а пак кандидатот на СДСМ, Петар Мантев има 989 гласа, според податоци од Државната изборна комисија.
Во избирачкиот список има 15.920 избирачи, а бројот на обработени места досега е десет, односно 35,71 процент.
Во меѓувреме, во штабот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Неготино најверојатно веќе се прославува, бидејќи од таму се слушаат алармни сирени и се скандира ,,ВМРО – ДПМНЕ”.
В.К.

