Општина Демир Капија за првпат има жена на функцијата градоначалник. Според податоци од Државата изборна комисија, од 100 проценти обработени избирачки места, Наталија Димитриева од редовите на ВМРО-ДПМНЕ освои 1.220 гласови, наспроти кандидатот на СДСМ, Лазар Петров, кој освои 1.152 гласови.
Тој се бореше за трет мандат.
Во Демир Капија излезеноста беше 76,78 проценти, а бројот на избирачи во избирачкиот список изнесува 3.186. Бројот на неважечки ливчиња е 72.
Деск

