Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од редовите на СДСМ и претседател на општинската организација на партијата, Костадин Ацевски, поднесе оставка од својата партиска функција.
-Поднесувам неотповиклива оставка од претседател на општинската организација.
Верувам дека е исправно и потребно оставка да поднесат и претседателот Филипче и целото раководство на СДСМ.
Не само заради лошите резултати туку и заради начинот на дејствување на СДСМ во изминатиот период , истакна Ацевски во видео обраќање и додаде дека и покрај оставката, останува член на СДСМ.
Вчера пак, по објавувањето на првичните резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори, Венко Филипче на новинарско прашање одговори дека нема да поднесе оставка и останува на чело на партијата.
Деск

