Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.Д. (39) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „комар“.
Пријавениот во претходно прилагодени помошни простории од објект за домување во Кочани, неовластено организирал и овозможувал учество во игри на среќа- комар.
Полициски службеници од ОВР Кочани извршиле претрес, при што биле затекнати 11 лица кои играле комар, а при претресот биле пронајдени пари и други предмети поврзани со организирање на комар, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Деск
Единаесет лица затекнати како играат комар во летна кујна, кривична пријава против организаторот
1 Min Read

