Популарниот фолк пејач Миле Кузмановски (53) ќе слави 35 години на сцената со голем концерт во Македонска Опера и Балет на 24-ти декември.
Негова придружба на настанот ќе биде НУ Камерен Оркестар Битола, а Кузмановски пред публиката ќе ги изведе бројните хитови кои ја одбележаа неговата кариера во изминатите години.
Тој зад себе има голем број на настапи во земјава и кај нашата дијаспора, како и учества на фолк фестивалите.
Најголемата популарност ја стекна во 2000 година со баладата ,,Не кани ме”, песна без кој и денес не поминуваат прослави и забавни настани.
Б.Н.

