Министерот за правда Игор Филков учествуваше на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан во Сараево, на панелот посветен на темата:
„Зајакнување на владеењето на правото преку судска реформа и борба против корупцијата“, соопшти Владата.
Во своето обраќање, министерот Филков ја нагласи посветеноста на Владата за преземање решителни чекори во насока на јакнење на независноста, интегритетот и ефикасноста на судството.
-Се спроведуваат суштински реформи, усогласени со европските стандарди и препораките на ГРЕКО, Европската комисија и Венецијанската комисија.
Нови закони за Судскиот совет, судовите, судската служба и платите на судиите и обвинителите – го зајакнуваат интегритетот и отпорноста на правосудството.
Формирани се Совет за следење на реформите и Совет за дигитализација во правосудството – за поголема ефикасност, транспарентност и пристап до правда.
Се зајакнува системот на интегритет и надзор врз јавниот сектор, како и регионалната и меѓународната соработка во областа на владеењето на правото.
Нашата цел е јасна – да изградиме општество на еднаквост, правда и достоинство за секој граѓанин, истакнал Филков на форумот.
Деск
Филков: Нови закони за судовите и платите за судиите и обвинителите ја зајакнуваат отпорноста на правосудството
1 Min Read

