Според последните официјални информации, вкупно 11 лица загинаа во пожарот што синоќа зафати дел од зградата на Пензионерскиот дом во Тузла, додека 35 лица побараа медицинска помош во Универзитетскиот клинички центар во Тузла, објави Klix.ba.
Седмиот кат од Пензионерскиот дом во Тузла беше зафатен од голем пожар синоќа, а според последните информации што ги потврдиЛ градоначалникот Зијад Лугавиќ, 11 лица загинаа, додека 35 побараа медицинска помош во Универзитетскиот клинички центар во Тузла.
Според информациите со кои располага Klix.ba, во пожарот загинале жители на домот на седмиот кат од зградата. Станува збор за неподвижни лица, со прилично нарушена здравствена состојба.
Лугавиќ ни кажа дека меѓу повредените кои побарале медицинска помош има жители и вработени во домот, по што следат полицајци, пожарникари и медицински техничари. Од друга страна, според неофицијалните информации со кои располага Klix.ba, тројца од повредените се во критична состојба.
Директорот на Пензионерскиот дом, Мирасад Бакаловиќ, утрово поднел оставка од функцијата.
Деск
Фото: Ахмед Бешиќ

