Младиот поп изведувач Влатко Иљачев – Валдера, има нова авторска песна насловена „Она што ми треба“.
Песната, како што Валдера открива, е целосно негова авторска работа, снимена и продуцирана во неговото музичко студио „Вавилон“.
-Ова е песна што ја напишав од срце, инспириран од идејата дека во животот можеме да имаме сè – успех, слава, пари – но ако ја немаме личноста што ја сакаме, сè останато станува безвредно, вели Валдера.
-„Она што ми треба“ претставува енергична рок љубовна балада, препознатлива по Валдериниот вокал, неговиот искрен израз и позитивна енергија. Песната комбинира современ поп звук со јасно изразен рок карактер, со што создава свежо и радиофонично звучење.
По успешниот настап на „Макфест“ со песната „Сега збогум“, која остави силен впечаток кај публиката и критиката, Валдера сега носи нешто побрзо и поенергично – песна што, како што тој вели, е „идеална за возење низ град со отворени прозорци и насмевка, истакнуваат од ПР тимот на музичарот.
Деск

